Основците и нивните ментори од Грција, Шпанија, Португалија, Италија како и од ООУ „Димо Хаџи Димов“ кои инаку се партнери во проектот „Мултикултурализам, различност и инклузија“, денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во рамки на денешната средба низ непосреден разговор со првиот човек на општината, учесниците во Еразмус+ програмата (К229) добија податоци за училиштата во Карпош, за начинот на којшто функционира локалната самоуправа, како и за активностите кои ги презема Општина Карпош во насока на подобрување на животниот стандард на своите сограѓани.

Координаторки на овој проект во кој учествуваат и учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, се наставничките Марина Станоевиќ и Невена Петковска, кои во улога на домаќини ги примија своите партнери од Грција, Шпанија, Португалија и Италија. По тој повод, учесниците во Еразмус+ проектот вчера беа во обиколка на археолошкиот локалитет Скупи кој се наоѓа во населбата Злокуќани.  Подоцна во рамки на училиштето „Димо Хаџи Димов“ беа одржани низа активности, мобилности, презентации и работилници за надминување на јазичните бариери и различности, како и за вклучување на основците со попреченост во образовниот процес.