Четвртоодделенците од ООУ „Петар Поп Арсов “ денеска беа во едукативна посета на Општина Карпош. Оваа посета беше предвидена во годишната програма по предметот општество, на тема локална самоуправа.

Преку многубројни прашања, основците имаа можност подетално да научат како работи општинската администрација,   урбаните заедници, кои се обврските на градоначалникот, од какво значење е работата на Советот и советниците од Општина Карпош.