Денеска, четвртоодделенците од ООУ ,, Димо Хаџи Димов’’ , беа во работна посета на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Тие одблизу, и преку директна комуникација се запознаа со начинот на функционирање на локалната самоуправа.

Поставувајќи му прашања, основците научија кои се надлежностите на Општината, со кои проблеми се соочува првиот човек на Карпош, и како ги решава истите. Општинскиот татко, одговарајќи на прашањата ги информираше учениците од  Димо Хаџи Димов за работата на Урбаната заедница, како една микро средина,  во која на непосреден начин се решаваат проблемите на граѓаните како што се реконструкцијата и асфалтирањето на локалните улици, тротоари и уредувањето на зелените површини. На овој начин, основците од ова училиште, преку средбата со градоначалникот Јакимовски слушнаа како функционира една општина, што како наставна содржина го изучуваат по предметот ,,Општество’’.