УЧЕНИЦИТЕ ОД „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“ НИЖАТ УСПЕСИ И НАГРАДИ!
- октомври 1, 2026
- 0
Талентот, трудот и посветеноста на учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ повторно носат одлични резултати! Павел Шаламаноски, ученик во III-а одделение, ја освои првата награда на Меѓународната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“, со песната „Моја Македонија“.
Честитки и за неговата менторка, наставничката Светлана Софијаноска, која доби пофалница за својот уметнички придонес.
Михаил Псалтиров, ученик во VII-б одделение, освои две златни медали и две први места на меѓународниот пливачки митинг „Orion Cup Mini 2026“, во дисциплините 50 и 100 метри грбно. Честитки за Павел, Михаил и нивните ментори! Ви посакуваме уште многу успеси, награди и причини за гордост!









