Во малата сала, во С.Р.Ц,, Борис Трајковски”, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, свечено ги додели пехарите дипломите на учесниците и победничките екипи на првите балкански училишни спортски лиги.

Во одбојкарското натпреварување, победник е Општина Карпош, додека второто и третото место им припадна на Стари Град, Сараево, односно на Општина Тиват, Црна Гора. Во кошарка прваци се одново Основците од Карпош, додека нивните врсници од Триадица, Софија го освоија второто место. Во шах натпреварот победници се шахисти од Општина Карпош. Во женска конкуренција победничка е Ефтовска Леа, додека Ефтовски Матео е прв шахист на овој балкански турнир. Во пинг понг натпреварувањето победничка е Матеа Крстаноска од Општина Карпош, додека Амар Џуровиќ е победник во машка конкуренција. Градоначалникот Јакимовски изрази големо задоволство што токму првиот ваков балкански турнир се одржал во Општина Карпош, истакнувајќи дека ова е одлична спортска дружба помеѓу збратимените балкански општини