Во  спортската сала  во ООУ „Братство“, минатата недела (02.06.2019), се одржа Државното првенство во Џудо за  натпреварувачи од  основните училишта од целата земја. На  првенството се натпреваруваа над 100 џудисти во машка и женска конкуренција.   Младите карпошани Лаврди Мисени, Бејтула Исени и Енер Зекири од ООУ „Братство“ во категорија до 34 килограми го освоија петтото место, а   Ерди Зекири се закити со бронзениот медал. Нивниот соученик Анди  Ахмети во категорија до 42 кг. го освои вицешампионското второ место, додека пак, Исен Демирјаши во категорија до 66 кг. го освои петтото место.

 

                        Со својот одличен спортски настап, основките од „Братство“ достоинствено го претставија своето училиште.  Во женска категорија до 40 кг. бронзата ја освои Анда Ахмети, а исто така, третопласирана беше Бетил Исенова во категорија до 44 кг. Најдобар резултат кај девојчињата од ООУ „Братство“ постигна Румејса Фејзула, која во категорија над 57 кг. го освои златниот медал.

 

                        Џудистката Стефани Мицкоска од ООУ „Петар Поп Арсов“,  во категорија до 40 кг. го освои петтото место, додека пак, Калин Стефков од ООУ „Војдан Чернодрински“,  во категорија до 40 кг. исто така ја обезбеди петтата позиција на табелата.

 

                        Општина Карпош се гордее со постигнатиот успех на младите џудисти на ова Државно првенство и токму затоа,   ќе продолжи континуирано да вложува во развојот на спортот и подигнување на квалитетот кај сите видови на спортови на своја територија.