Спортистите од џудо клубот „ИПОН“, викендов забележаа забележителен успех на 16. Меѓународен џудо турнир „Прилеп опен 2017“, кој се одржа во организација на ЏК „Пролетер“ во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

Во категоријата кадети до 73 кг. Ангел Ангелов го освои првото место, а Сухејб Хајрула во истата категорија до 50 кг. ја обезбеди третата позиција. Кај помладите пионери, трето место обезбедија Валјон Ајдини (до 34 кг.) и Бурак Синани (до 46 кг.). Во категоријата постари пионери, Румејса Фејзула се избори за два златни медали (до 63 кг. и над 63 кг), а Елена Попоска (над 63 кг.), се искачи на третата позиција и ја освои бронзата во оваа категорија.