Од утре, 05.05.2020 година (вторник), Општина Карпош ќе започне со уредување на зеленилото меѓу зградите на улицата „Московска“, во Тафталиџе, во близина на пазарчето.

 

Комуналните служби на Општината ќе ги кастрат сувите гранки и ќе го подготвуваат теренот за обнова на зеленилото, на потегот кој со години делуваше запуштено.

 

Општина Карпош ќе засади нова тревна површина и ќе постави систем за наводнување.

 

Локалната самоуправа продолжува со интензивно одржување на постоечкото и подигнување на нови зелени површини.