Почнувајќи од утре, 30.01.2021 година (сабота) па во наредните неколку денови, ЈП „Паркови и зеленило“ ќе работи на уредување (кастрење, сечење) на зеленилото на повеќе локации во Општина Карпош.

Имено, ќе се сечат стари и суви дрвја, кои претставуваат опасност за околината и при посилен ветар постои можност да паднат. Акциите ќе се спроведат на следниве локации, a врз основа на донесени решенија од Град Скопје:

– Карпош 1, ул. „Иван Аговски“ бр. 9, сечење на едно дрво;
– Карпош 2, ул. „Орце Николов“ бр. 157/1, сечење на едно дрво;
– Карпош 2, на бул. „8 Септември“, сечење на две дрва;
– Карпош 4, ул. „Трифун Бузев“ бр. 3, сечење на едно дрво и кастрење на едно дрво;
– Тафталиџе, бул. „Партизански одреди“ бр.75, сечење на едно дрво;
– Тафталиџе, бул. „Партизански одреди“ бр.78, сечење на едно дрво и кастрење на едно дрво.

Во дел од населбите возможна е поголема бучава од механизацијата со која работат службите.

Општина Карпош ќе го обнови зеленилото на сите места каде што се сечат старите дрвја, а постои можност на истото место или во околниот дел да се засадат нови.

Ви благодариме на разбирање.