Започна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 во основните училишта во Општина Карпош.

 

Во сите образовни установи во Карпош се почитува донесениот Протокол за запишување на првачиња, како резултат на пандемијата од Ковид – 19.

 

Задолжително е носењето на заштитни маски, дезинфекција на влезот на училиштето, чистење и дезинфекција по спроведување на секој разговор, како и одржување на постојана физичка дистанца.

 

Во училиштата каде што постојат услови и надворешни училници, разговорот се спроведува на отворено.

 

Ги повикуваме сите родители да ги почитуваат мерките при упис на нивното дете во прво одделение. Сите сме одговорни за јавното здравје.