Денеска, (петок 30 јуни) заврши со работа традиционалниот 11-ти по ред Образовен-ликовен камп ,,Ванѓел Коџоман” кој се одржа во Струга и Охрид. На  уметничката колонија учествуваа  и 35 млади творци со 5 ментори-наставници по ликовно образование од основните училишта во Општина Карпош. Манифестацијата е поддржана од Општина Карпош и Министерството за култура на Република Македонија.

По повод 8-ми септември Денот на Независноста на Република Македонија ќе биде отворена изложба во Кинотека на Македонија-библиотека Другарче, во изложбениот простор. Изложени ќе бидат најуспешните ликовни творби на учесниците на овогодинешната ликовна колонија и ќе бидат доделени дипломи за учество на сите учесници како и благодарници за менторите и на основните училишта во Општина Карпош. Организатор на образовниот камп и изложбата е Детски ликовен центар.