Во рамки на одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години постоење на Општина Карпош, се одигра финалниот натпревар во одбојка од Меѓуопштинските спортски игри. Во динамична атмосфера, екипите од Општина Карпош и Општина Кисела Вода прикажаа квалитетна и борбена игра после која доминатно титулата им припаднан на одбојкарките од Општина Карпош. Натпреварот беше исполнет со атрактивни поени, голема борбеност и вистински спортски дух. Одбојкарките на Карпош доминираа во текот на целиот меч и заслужено славеа со 2:0 во сетови, откако супериорно ги добија двата сета со 25:10 и 25:12

               Пред големото  финале, во натпреварот за третото место се судрија одбојкарските тимови од Општина Аеродром и Гази Баба. Подобри во борбата за третата позиција од овој меч беа аеродромските одбојкарки кои убедливо ја заверија победата со 2-0 во сетови (25:14 / 25:16)

               Пехарите и дипломите ги додели градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски кој им честиташе на учесниците за прикажаната игра, борбеноста и фер-плејот, нагласувајќи дека Општина Карпош ќе продолжи и во иднина да ги поддржува спортските активности кои придонесуваат за развој на младите и за афирмација на спортот.