ТРЕТ ДЕН НА ТЕРЕН ВО КАРПОШ 3
- септември 7, 2026
- 0
Веќе трет ден по ред, екипите на Општина Карпош работат на расчистување и редовно одржување со акциски пристап на локации низ Карпош 3, со засилено темпо и јасна цел – сите површини што побрзо да бидат расчистени и безбедни.
Денес активностите продолжуваат во Лептокарија и кај градинката „Мајски Цвет“ во Тафталиџе, каде што се отстрануваат гранки, суви дрвја, искорнати корени и насобрани лисја.
На терен се ангажирани екипи и механизација, а работата продолжува се додека не се расчистат локациите.
Без запирање, со засилено темпо – за чист и уреден Карпош!









