Како дел од практичната настава која е предвидена во рамки на предметот Општество, основците од ООУ „Лазо Трповски“ денеска беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во оваа пригода, љубопитните ученици поставуваа прашања поврзани со функционирањето на локалните институции, при што првиот човек на oпштината им даваше конкретни одговори и детално им објасни на кој принцип се темелат тие.

 

Младите карпошани беа најзаинтересирани за обврските  и надлежностите на градоначалникот, за начинот на кој функционира Советот на општината, каква е структурата на локалната самоуправа, колку сектори и одделенија се во служба на граѓаните и слично. Јакимовски ги информираше учениците за улогата на општината врз развојот на локалната заедница и како може локалната самоуправа преку проекти да влијае на одржување на здравата животна средина и подобрување на животниот стандард на своите сограѓани.