Утре (30.11. 2017), со почеток од 10:00 часот во просториите на урбаната заедница „ Кузман  Јосифовски- Питу“ ( до средното  училиште Лазар Танев), ќе се одржи третата сесија од граѓанскиот форум „ Со здружени сили, за заеднички интереси“.

На  форумот, претставниците од граѓанскиот сектор, претставници од урбаните заедници, и граѓани од Општината ќе дискутираат за таргетирањето на проблемите во една локална самоуправа, и решавањето на истите.