Минатогодишните победници во одбојка за девојчиња во рамки на спортските училишни лиги, ООУ „Петар Поп Арсов“ и оваа година го земаа златниот пехар. Во вистинска спортска и натпреварувачка атмосфера, одбојкарскиот меч беше пропратен со силни скандирања од навивачките трибини кои беа огромна поддршка во финалниот натпревар помеѓу училиштата „Петар Поп Арсов“ и „Јан Амос Коменски“.

Играта на одбојкарските тимови од двете училишта беше одлична во којашто се бореа до последниот момент. Пресуден победнички поен издвоија основките од  шампион-училиште, „Петар Поп Арсов“ кои трета година по ред го освојуваат пехарот на спортските училишни лиги на Општина Карпош.

                        Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседателот на Советот на Општината, Сашо Лазаревски, беа присутни на финалниот натпревар кој бурно го следеа и навиваа. По завршувањето на одбојкарскиот меч, тие заедно ги поделија бронзените, сребрените и златните медали за освоените места на сите одбојкарки од училишните тимови. Највисоко вивнат златен пехар беше од рацете на одбојкарките од „Петар Поп Арсов“, сребрениот пехар го освои училишниот одбојкарски тим на „Јан Амос Коменски“, додека пак третото место или бронзениот пехар отиде во рацете на одбојкарките од „Владо Тасевски“.

                        Општина Карпош која важи за една од најспортските општини во целата држава, секоја година па така и оваа, доделува еднократна парична награда од 6.000 денари и осум месечна спортска стипендија за најдобриот, најталентираниот играч и за најдобриот смечев во одбојка за девојчиња. За оваа година заслужно на местото за најдобар играч на мечот го освои Марта Филиповска од победничкиот тим на „Петар Поп Арсов“, најдобар смечер оваа година освои капитенот на одбојкарскиот тим на „Јан Амос Коменски“, Ива Настевска додека пак за најталентиран играч беше прогласена надежната Михаела Беака од „Петар Поп Арсов“.