По повод јубилејниот 40-ти роденден на Општина Карпош, а во рамките на Деновите на Општината, овој викенд (сабота 15 октомври и недела 16 октомври, 2016 година), ќе се одржи традиционалната хуманитарна манифестација „Да бидеме хумани за нашите соседи“.

Оваа хумана акција ќе се спроведе пред поголемите супермаркети на територија на Општина Карпош, а својата донација градоначалникот Стевчо Јакимовски ќе ја даде пред супермаркетот „Тинекс“ во населбата Злокуќани во 11 часот.  Ги повикуваме сите хумани граѓани да помогнат и да ја покажат својата солидарност со донација на трајни производи за своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба, овој викенд пред маркетите  кадешто ќе пазарат за своите домашни потреби.