По  повод   претстојниот роденден на Општина Карпош ( 3.ноември) , традиционално во „ Кинотека на Северна  Македонија“ се спроведе  крводарителска  акција.  Акцијата  ќе трае само еден  ден од 09:00 до 17:00  часот.  До 14:00 часот, одзивот е голем, односно преку  90 крводарители   даруваа крв,  и учествуваа во оваа благородна  акција.

 

Локалната самоуправа, традиционално одржува крводарителски акции, еднаш на пролет, и еднаш на есен, поттикувајќи ги на тој начин и  вработените во Општината, како и граѓаните на Општина Карпош  да  даруваат крв, и да бидат хумани.