Денеска, (05.01.2017 година), во рамките на спортскиот центар Влае (наспроти мостот Обединети Нации) , со почеток во 19 часот, ќе се одбележи големиот христијански празник Бадник.

 Во организација на локалната самоуправа, ќе се одржи централна традиционална верска манифестација на која,  од претставниците од 14-те урбани и месни заедници од Општина Карпош ќе се избере новиот кум. 

Со бадниковиот оган и со богата посна трпеза, граѓаните ќе ги забавува и музички бенд. Оваа вечер Карпош ќе добие и нов кум за наредната година. На бадниковата манифестација ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.