Општина Карпош преку претставниците од своите урбани заедници и Секторот за дејности од јавен интерес, започнува со теренска кампања за информирање на граѓаните кои се рекреираат по маалските паркови, платоа, плоштади и детски игралишта, како правилно да ги почитуваат и применуваат мерките за заштита од Ковид –  19.

Имено, претставниците на локалната самоуправа, во попладневните часови, ќе делат информативни флаери, за да нема големи групирања и собири по населбите. Исто така, ќе ги повикуваат граѓаните на носење заштитни маски, одржување дистанца и вршење на честа дезинфекција на рацете.

Основната цел на теренската кампања е да овозможиме уште побезбедни услови за спорт и рекреација на карпошани.

Овие патроли започнуваат со активности од утре, вторник (25.08.2020), од населбите „Владо Тасевски“ (Млечен) и од Козле, во периодот од 19:00 до 20:00 часот.

Општина Карпош, во изминативе месеци, сериозно работи на намалување на последиците од коронавирус.

Секојдневно се врши дезинфекција и миење на улиците со цистерни, се дезинфицираат воспитно – образовните установи, а им се помага и на социјално – загрозените домаќинства (со еднократна помош, донација на пехранбени продукти и средства за хигиена).

Ги повикуваме сите граѓани и правни лица да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.