Со новите машини за перење под висок притисок (т.н.вапови) продолжува чистењето на јавните површини во Карпош.

Утринава се чистеше во ТЦ „Лептокарија“, која претставува една од пофреквентните локации во Општината, особено во текот на летниот период.

Дополнително, со овие машини се чисти и плочникот на „Млечен“, „Педагошка“, како и во Порта Влае.

На овој начин се обезбедува потемелно чистење на јавните површини, од прашина, кал и други честички.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.