Со  одлука на Советот на Општина Карпош, од оваа учебна 2019/2020 година, учениците од сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа, ќе имаат можност да  добиваат субвенционирана ужинка. Надоместокот кој Општината ќе го покрива, ќе биде  50 % од  месечната цена за ужинка. Досегашната практика ,  децата од  1-5  одделение да добиваат бесплатни   ужинки  се напушта. На овој начин, сите  карпошови ученици од  1-9 одделение имаат можност да користат субвенциониран оброк од Општината.

 

Ужинките ќе бидат  унифицирани за сите десет основни училишта во Карпош, а исто така цената на ужинките ќе биде еднаква за сите училишта.  Целта  на оваа ново  воведена практика  е сите основци од Карпош да се научат на конзумација на здрава исхрана, бидејќи  ужинките кои ќе им бидат доставени се согласно  сите  воспоставени  стандарди за здрава исхрана, пропишани според Правилник , подговтвен од Министерството за   образование и наука.  Исто така, на овој начин  се зголемува и безбедноста на учениците од повисоките основни одделенија, кои   нема да мора да се оддалечуваат од училиштата за време на големите одмори ,одејќи по храна,  и да поминуваат  пофрекфентни сообраќајни улици.