Општина Карпош објави Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) на територија на општината.

Финансиската поддршка ќе биде со средства од Буџетот на Општина Карпош за 2022 година од Програмата ГДО-Проекти за енергетска ефикасност, а врз основа на условите и критериумите дадени во овој јавен повик.

Повикот е дел од програма ГДО-Проекти за енергетска ефикасност, по принципот „прв дојден –прв услужен“, а ќе трае до исцрпување на финансиските средства предвидени во Буџетот на општината за предметната намена  и тоа:

За колективни станбени објекти:

–   Во висина од 30%, но не повеќе од 200.000 денари од вкупниот износ на вредноста на поправка и санацијата на кровен покривач

              За индивидуални станбени објекти (куќи):

       –    Во висина од 30%, но не повеќе од 75.000 денари од вкупниот износ на вредноста на замената на азбестниот кровен покривач

Заинтересираните апликанти треба целосно да ги исполнуваат следните услови за учество на Јавниот повик:

За колективни станбени објекти:

  • Станбените згради за колективно домување да бидат постари од 25 години.
  • Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука од сопствениците на станбените единици дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и санација на кровен покривач и дека сопствениците на посебните делови се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и санација на кровен покривач, (во прилог кон одлуката да достават список со потписи од 50% плус 1 (еден) сопственик).
  • Имотен лист со кој се докажува сопственоста ( не постар од 6 (шест)месеци)

– Појаснување: Потребно е  да се достави имотен лист за земјиштето под зграда и имотен лист за секој стан засебно,со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите. Имотните листови  да се достават во оригинал или нотарски заверена копија

За индивидуални станбени објекти (куќи):

  • Индивидуалните станбени објекти (куќи) да имаат постоечки азбестен кровен покривач ( прилог фотографии)
  • Изјава од сопственикот на индивидуалниот станбен објект заверена на нотар дека е согласен да изврши замена на   азбестен кровен покривач
  • Изјава од сопственикот на индивидуалниот станбен објект, заверена на нотар дека е согласен да учествува со сопствени средства за дел од вкупниот износ за замена на азбестен кровен покривач
  • Имотен лист со кој се докажува сопственоста ( не постар од 6 (шест)месеци)

 – Појаснување: Потребно е да се достави имотен лист за земјиштето под индивидуалниот станбен објект (куќа) и имотен лист за индивидуалниот станбен објект (куќа) со кој ќе се потврди сопственоста на апликантите. Имотните листови да се достават во оригинал или нотарски заверена копија.

За пријавување на Јавниот повик апликантите треба да ги достават следните документи:

За колективни станбени објекти:

  • Изјава  за  старост  на  колективниот  станбен  објект,  дадена  и  потпишана  од  овластено  лице  за       застапување  или достава на купопродажен договор за стан.
  • Решение од Централен регистар за Заедници на сопственици или Договор со Управители.
  • Доказ дека Заедницата на сопственици има отворено сметка за резервен фонд,согласно   одредбите од Законот за домување.
  • Доказ за сопственост (имотен/и лист/ови не постари од шест месеци од 50% плус 1 (еден) сопственик).
  • Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука од сопствениците на станбените единици дека сопствениците на посебните делови се согласни да се изврши поправка и санација на кровен покривач и дека сопствениците на посебните делови се согласни да учествуваат со сопствени средства за дел од вкупниот износ за поправка и санација на кровен покривач.
  • Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука за избор на најповолна понуда за изведувач за поправка и санација на кровен покривач.
  • Заедницата на сопственици/Управител на станбени згради да има донесено Одлука за избор на најповолна понуда за надзор над изведбата за поправка и санација на кровен покривач.

Напоменуваме дека Одлуките се сметаат за усвоени доколку истите своерачно ги потпишале 50% плус еден сопственик од вкупниот број на сопственици на посебни делови на колективен станбен објект.

 Одлуките се доставуваат во оригинален примерок или нотарски заверена копија и истите е потребно да бидат заверени со архивски број и потпишани од страна на овластено лице и печат.

За индивидуални станбени објекти (куќи):

  • Пополнета Апликација – образец, потпишан/а од сопственикот на индивидуален станбен објект (куќа)
  • Изјава од сопственикот на индивидуалниот станбен објект заверена на нотар дека е согласен да изврши замена на азбестен кровен покривач
  • Изјава од сопственикот на индивидуалниот станбен објект заверена на нотар дека е согласен да учествува со сопствени средства за дел од вкупниот износ за замена на азбестен кровен покривач
  • ·Договор со Изведувач за замена на азбестен кровен покривач

    Забелешка 1: Доколку површината на индивидуалниот станбен објект е помала од 300 метри квадратни, Изведувачот на замената на азбестниот кровен покривач доставува Изјава заверена на нотар дека работите се изведени согласно позитивните законски прописи и нормативи за тој вид работа

    Забелешка 2: Доколку површината на индивидуалниот станбен објект е поголема од 300 метри квадратни, сопственикот на индивидуалниот станбен објект има обврска да достави до Комисијата Договор за извршен надзор над изведбата за замена на азбесетен кровен покривач. Договорот/изјавата се доставува во оригинал или нотарски заверена копија.

Апликацијата за проектите „ Финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективното домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти(куќи) “ во Општина Карпош може да се подигне во архивата на Општина Карпош или да се преземе од официјалната веб страница на Општина Карпош (karpos.gov.mk) https://cutt.ly/CFQipdf

Јавниот повик е отворен и трае до исцрпување на финансиските средства предвидени во Буџетот на општина Карпош за 2022 година за предметната намена, по принципот „прв дојден-прв услужен“.

Пријавите се доставуваат во затворен и запечатен коверт, без означување на субјектот кој ја поднесува пријавата  до Општина Карпош, преку пошта на адреса: ул. Радика бр.9 , 1000 Скопје, или во архивата на Општина Карпош, со назнака:

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на кровни покривачи на станбени згради за колективно домување и замена на азбестни кровни покривачи на индивидуални станбени објекти (куќи) во Општина Карпош.

Дополнителни информации може да се добијат на телефон:  078/486-950 и 071/350-388