Во  детската градинка „ Орце Николов“ се одржа обука за ран детски развој и учење на темите „  Како учат децата“? , „ Развој на говор од 0-6 години“,  како и на „ Стимулативна средина за учење“. Оваа обука за професионален развој е наменета за воспитувачи, стручни соработници и стручни работници од  оваа предучилишна установа.

Темите кои се опфатија во оваа обука се од исклучително значење, и опфаќаат сензибилизирачки актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Обуката се одржа во автентична средина и пријатна атмосфера. 

Реализатори на обуката се: проф .Д-р Лена Дамовска , доктор на педагошки науки, проф. Д-р Ана Фрицханд, доктор по психолошки науки, како и проф. Д-р Елизабета Томевска- Илиевска, која е доктор по педагошки науки, и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „ ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ“, Скопје.