Просторната единица за заштита и спасување при Одделението за заштита и спасување  од Општина Карпош, посетуваше петдневна  обука (03. – 08. септември  2018 година), во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“ во Струга. Вкупно 12  припадници, беа дел од оваа обука, која ја спроведоа меѓународен инструктор за безбедност на вода, двајца национални инструктори за безбедност на вода, меѓународен тренер од областа на прва неодложна медицинска помош,  меѓународен инструктор од областа на подготвеноста и дејствувањето во случај на природни катастрофи,  како и специјализирана фирма од областа на противпожарната заштита.

 Со  обуката, припадниците за спасување, совладаа повеќе неопходни вештини и техники   за спасување на отворени води, како и маневрирање на чамец со весла и моторен чамец. Исто така, спасувачите се стекнаа со уверенија за давање на прва медицинска помош, основни знаења и вештини за делување во случај на природни катастрофи и знаења и вештини од противпожарната заштита. По завршување на обуката, припадниците добија звања: спасители и помлади спасители на отворени води.