Под мотото ,,Добри практики – синоним за успешност’’, Одделението за образование, вчера  во ООУ ,,Владо Тасевски’’ го започна првиот дел од проектот со кој Општина Карпош  работи на подигнување на квалитетот на наставно-научниот процес  во училиштата на нејзина територија.

Општина Карпош постојано се заложува за унапредување и модернизирање на образованиот процес, сé со цел основците да се едуцираат на пософистиран начин, а нивните родители да бидат задоволни од квалитетот на услугите. Токму тие два столба: Стратегија за развој на образованието во основните училишта и  Истражувањето на задоволството на родителите од квалитетот на услугите или попопуларно насловено  ,, Гласот на родителите ‘’, се клучни елементи  во овој проект кој ќе трае една година. 

Стратегијата за развој, која ја  презентацираат родители, претставници од осум училишта, се состои од пет точки: визија, стратешки цели, програми, проекти и конкретни цели.  Преку ,,онлајн‘’ методата и прашалник, се мери степенот на задоволство на родителите од  наставната програма одржана и реализирана во Општината. Со овој проект се опфатени сите десет основни училишта од Карпош, при што се вклучени по пет одделенски наставници, пет родители, педагогот и директорот на училиштето, односно, вкупно 120 учесници. Целта на овој проект е да се поттикне креативноста и развојот на талентите кај учениците, подобра инфраструктура и менаџирање на образовниот процес преку кои ќе се постигне и севкупно подобро образование.