Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, официјално ги прогласи за отворени првите балкански училишни спортски игри. Во рамките на оваа манифестација која се одржа во фискултурната сала на ООУ „Братство“, првиот човек на Општината истакна дека му претставува особена чест и задоволство што Општина Карпош е организатор на овие игри.

 

–          Основците од збратимените Триадица, Софија од Република Бугарија, Тиват, Црна Гора, како и Стари Град, Сараево од Босна и Херцеговина заедно ќе се натпреваруваат во кошарка, одбојка, пинг понг и шах. Намерата ни е пред сé, да поттикнеме дружење од најмлада возраст, како и развивање на спортскиот дух кај учениците – истакна општинскиот татко Јакимовски.

 

       Овие игри, како што напомена градоначалникот Стевчо Јакимовски е предвидено да прераснат во своевидна традиција меѓу збратимените општини, со надеж дека истите, од наредната година ќе бидат организирани на многу повисоко натпреварувачко ниво.