Екипа на овластена фирма за дезинфекција, дезинсекција и дератизација од денеска почна со дезинфекција на основното општинско училиште „Лазо Трповски„ во Карпош 3. Со тоа и официјално стартуваше редовната дезинфекција на сите десет основни училишта на територијата на Општина Карпош, пред стартот на учебната година на 1 октомври.

Според Законот, ваква сеопфатна дезинфекција во предучилишните и училишните установи во општините се врши секои шест месеци во годината, но Општина Карпош, во текот на март направи уште една дезинфекција на градинките и школите поради вонредната состојба со пандемијата.

 Инаку од понеделник продолжува дезинфекцијата и во другите девет објекти на училиштата во Карпош, така што, до 30 септември сите установи безбедно ќе ги пречекаат учениците во новата учебна година.