Денеска започна  традиоционалниот пазар на зелки кој ќе трае еден месец. Општина   Карпош   на   мештаните- земјоделци од населбата Бардовци  и Злокуќани и  оваа година ќе им даде бесплатно времено користење тезги и ќе го организира есенскиот пазар за продажба на зелки. 

Ова населено место во Општина Карпош  е надалеку прочуено по производство и пласман на овој вид зеленчукова култура, и токму  во овој период, кога зелката е стасана како готов производ, локалната самоуправа им излегува во  пресрет на земјоделците и  на еден  хигиенски, поорганизиран начин го уредува просторот на кој се наоѓа пазарот за зелки.

 

Времениот пазар  е поставен на улицата „ Скупи“. Општината  сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне  локалната микро трговија и земјоделско производство.