Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, вчера се сретна со генералниот секретар на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Македонија, Лиза Велкоска. Оваа година Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Македонија одбележа 70 години од своето постоење.

Богоев напомена дека Општина Карпош е силен партнер на Сојузот и во претстојниот период ќе продолжи соработката, со цел унапредување на статусот на овие лица на локално ниво.

Општината финансиски го помогна одбележувањето на јубилејот на Сојузот, при што генералниот секретар Велкоска искрено се заблагодари за добиената поддршка.