Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари прием со делегациите од збратимените општини, кои престојуваат во Карпош по повод одбележувањето на јубилејот на општината. 

На средбата, во пријателска и срдечна атмосфера, гостите и домаќините разменија мислења, искуства и добри практики од работењето на локалните самоуправи, со посебен акцент на унапредувањето на меѓусебната соработка и зацврстувањето на партнерските односи. 
 Средбата беше заокружена со размена на пригодни подароци, како симбол на долгогодишното пријателство, меѓусебната почит и заедничката посветеност на развојот на локалните заедници.
 Општина Карпош продолжува да ги негува пријателствата и партнерствата со збратимените општини, градејќи мостови на соработка и размена на позитивни искуства.