Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, по барање на Амбасадата на Република Чешка во Македонија, денеска оствари средба со неговата екселенција, амбасадорот Јарослав Лудва. Во текот на средбата амбасадорот изрази задоволство од напредокот и развојот на општина Карпош како една од најразвиените општини во Македонија, а исто така стана збор и за актуелната надворешно политичка ситуација во регионот и пошироко имајќи предвид дека градоначалникот Јакимовски е и претседател на ГРОМ која е парламентарна партија.