Македонските каратистки Ангела Мојсовска, Наташа Стефановска и Моника Стефановска, членки на карате клубот „Макпетрол“ од Скопје. Нашата каратистка Ангела Мојсовска го освои второто место на овој реномиран јубилеен, силен карате турнир, и се закити со сребрениот медал.

 По повод 50 –годишнината од постоењето на најстариот карате клуб „Босна“, овој викенд во спортската сала Хуан Антонио Самаранч (Кошево), во Сараево  се одржа силен карате турнир.  Во елиминацискиот дел, Мојсовска имаше три победи, а во големото финале загуби од Ивона Чавар од Босна и Херцеговина.

  Овој  респектабилен карате турнир, исклучително придонесе за развивање на карате спортот, и особено ја засили формата на нашата претставничка „сребрената“ Ангела Мојсовска пред претстојното европско првенство во сениорки, кое треба да се одржи идниот месец мај, во Нови Сад, Србија.