Под покровителство на Општина Карпош, а во организација на Здружението на стопанственици Власи “Мандра“, по седми пат, со меморијален турнир во мал фудбал, се одбележа роденденот на прерано згаснатиот живот на поп иконата Тоше Проески. Оваа година, за прв пат, спортската манифестација имаше натпреварувачки карактер на која беа доделени пехари за најдобрите три фудбалски екипи како и пехар за најдобриот ферплеј спортски тим.

Координаторот на Здружението на стопанственици Власи „Мандра“ од Скопје, Ѓорѓи Ѓорѓиев изрази задоволство до Општина Карпош, која веќе четврти пат стои зад оваа спортска манифестација.

– Огромна благодарност на целосната поддршка која ја имаме од Општина Карпош и сигурен сум дека и понатаму истата ќе продолжи, бидејќи еден дел од животот на Тоше, тој го помина токму во оваа општина. Морам да кажам дека ние Власите, чуствуваме обврска на некој начин да му оддадеме почит за неговите незаборавни дела бидејќи тој го заслужуваше тоа. Па затоа, овој спортски настан, како Здружение, го организираме седма година по ред. Тоше покрај песната беше и спортис, одбојкар, но ние со фудбалот го одбележуваме неговиот роденден.

На меморијалниот роденденски турнир во чест на Тоше Проески, учествуваа четири екипи: „Мандра“ од Скопје, „Општина Карпош“ од Скопје, „Крушува“ од Крушево и „Лиличеа Ароши“ од Велес. Во спортска и навивачка атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ денеска се разви вистински фудбалски меч. Првото место го освои екипата на „Лиличеа Ароши“ од Велес, второто место го освоија фудбалерите од „Општина Карпош“ од Скопје, третото место отиде во Крушево за екипата „Крушува“, а пак четвртото место го освоија фудбалскиот тим на „Мандра“. Во рамките на турнирот, неизбежна беше и културно забавната програма во која учествуваа познати интерпретатори на влашки песни, рецитатоти и други дејци. Во дел од програмата се вклучи и Фан-форум клубот „Тоше Проески“ од Скопје. Манифестацијата беше поддржана и од Меѓународната фоднација „Тоше Проески“.

Во продолжение следува целосната табела на резултатите од турнирот во мал фудбал:

Прв натпревар помеѓу екипите на:

„Крушува“ и „Лиличеа Ароши“ – 1:8

Втор натпревар помеѓу екипите на:

„Општина Карпош“ и „Мандра“ – 4:3

Трет натпревар помеѓу екипите на:

„Мандра“ и „Крушува“ – 5:7

Четврт натпревар помеѓу екипите на:

„Општина Карпош“ и „Лиличеа Ароши“ – 1:3