Одделението за спорт и култура при Општина Карпош беше организатор на Деветтите  Спортски игри за нашите сограѓани од трето доба.

Во текот на еднодневните спортски натпревари, учесниците се натпреваруваа во повеќе дисциплини како пикадо, влечење јаже, фрлање ѓуле и трчање. Во оваа пригода, поздравно обраќање имаше градоначалникот Стефан Богоев, кој ги отвори овие спортски игри, при што рече:

– Преку овие игри овозможуваме простор за дружба меѓу  самите пензионери и пензионерски друштва,  а патем го поттикнуваме и меѓугенерациското дружење.

Сакам да ви честитам за духот и енергијата која ја носите во вас. Секогаш можеме да бидеме активни, да спортуваме и да се движиме. Како и за се друго во животот, потребна е само волја и желба, рече Богоев.

Општината и во претстојниот период ќе негува партнерски однос со здруженијата на пензионери, со цел да се подобрат нивните услови во секој поглед.

Посакувам успех за сите, а Општина Карпош и понатаму ќе продолжи да ве поддржува во ваквите спортски, но и другите ваши активности, рече Богоев.