За потребите на учениците на ООУ „Владо Тасевски“, денеска Македонскиот олиписки комитет додели спортска опрема, топки за кошарка, фудбал, одбојка и ракомет.

Станува збор за традиционална активност на МОК, која се одржа со помал број на присутни лица, во согласност со препораките за почитување на мерките за заштита од Ковид – 19.

 

Во спортската сала на училиштето, градоначалникот Стефан Богоев истакна дека на сите ни недостасуваат спортските настани, Училишните спортски лиги, но дека моменталната ситуација не приморува да бидеме претпазливи, да спортуваме на отворено, на дистанца, а поприфатливи се индивидуалните спортови:

 

  • Минатата година, целосно го реконструиравме и подот во оваа училишна спортска сала, со што навистина се подобрија условите за спортување на учениците и одржување на часовите по Физичко образование.

Знам дека не ви е лесно, но ве повикувам да продолжите да ги почитувате мерките. Само така, ќе се вратиме на старите навики, рече Богоев.

 

Пред присутните се обрати и претседателот на МОК, Даниел Димески. Тој посочи дека оваа институција ќе продолжи да ги поддржува младите и да вложува во развој на нивниот талент.

 

  • Само на тој начин, голем дел од вас ќе бидат нови наши професионални спортисти, кои ќе исполнуваат норми за Олимписки игри и за други големи натпреварувања, посочи Димески.