Викендов, сабота (09.09.2017), припадниците на единицата за заштита и спасување од Општина Карпош, заминаа на петдневна обука во Солферинo центарот за обука и едукација при Црвениот Крст во Струга. Во рамките на обуката, спасувачкиот тим од Општина Карпош ќе се стекне со нови теоретски и практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како на пример, земјотреси, урнатини, пожари и поплави.

Професионалната обука ќе ја спроведат неколку државни инструктори од Црвениот Крст – Скопје и еден меѓународен инструктор, а меѓу останатото, стручниот тим од Карпош ќе се обучи за делење на хуманитарна помош и пружање на неодложна прва медицинска помош. Општина Карпош е единствена локална самоуправа во Република Македонија, која располага со сопствена единицата за заштита и спасување.