Денеска, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев присуствуваше на првиот годишен Форум на градоначалници по повод отворањето на повикот за аплицирање за волонтер во 2018 година во организација на Мировниот корпус на САД (Peace Corps Macedonia )во Македонија и Министерството за локална самоуправа.

На него беше претставен повикот за аплицирање, упатен до сите училишта, општини, здруженија и дневни центри за лица со посебни потреби, за соработка со волонтери од организацијата.

На настанот, на кој присуствуваше и американскиот амбасадор во Репунлика Македонија Џес Бејли беа презентирани активностите од изминатите години и полињата на кои делувале волонтерите од Мировниот Корпус како: бесплатни обуки за англиски јазик, работа со лица со посебни потреби, обуки во областа на образованието и за родовата еднаквост, сесии за зголемена вклученост на граѓаните во локалната заедница, стекнување на вештини за вработување, мeѓусебна толеранција и сл.