Општинската организација на Црвениот крст – Карпош, денеска подели  хигиенски средства и продукти за одржување на лична хигиена на 40 домаќинства кои се наоѓаат во социјален ризик. Станува збор за донација од компанијата „Саманта“, наменета за самохраните родители кои живеат на територија на општина Карпош.

 

Локалната самоуправа самостојно, но и во соработка со приватниот сектор постојано води грижа за граѓаните кои се наоѓаат во потешка  материјално – финансиска состојба, особено во  периодот на владеење на коронавирусот.

 

Општина Карпош во изминатиот период додели прехранбени продукти и средства за хигиена, на околу 130 домаќинства кои живеат на нејзина територија. Исто така, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општината, додели еднократна финансиска помош на 90 лица, меѓу кои 45 карпошани добија средства за лекување,  а 45 сограѓани добија парична помош затоа што се наоѓаат во социјален ризик.

 

Службите на локалната самоуправа постапиле, врз основа на доставените барања од граѓаните, кои биле адресирани до Општина Карпош и кои ги исполнуваат соодветните критериуми за да добијат еднократна социјална помош.