Во пресрет на Велигденските празници, денеска беа доделени 110 социјални пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена, кои беа донирани од страна на граѓаните на Карпош во рамки на хуманитарната акција Подај рака, донирај за твојот сосед”. Хуманитарните пакети на социјално загрозените лица им ги врачи градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

Во просториите на урбаните заедници во Карпош 2, Владо Тасевски и Влае 1кадешто се делеа пакетите,  се одржаа сесии за информирање на граѓаните за социјалните права кои можат да ги остварат во Општина Карпош. Притоа на присутните сограѓани им беше нагласено   дека локалната самоуправа нуди повеќе форми на еднократна парична помош за социјално загрозените лицаи тоаза лица во социјален ризик, за лекување, за новороденче, при елементарни непогоди, за лица со посебни потреби…

Градоначалникот Стефан Богоев посочи дека Општина Карпош ќе продолжи да биде силен партнер на маргинализираните лица, а најави и други проекти кои ќе се реализираат во претстојниот период.

 

–                    „Хуманите патроли“ кои треба до стартуваат во скоро време, ќе обезбедат помош и поддршка на старите лица и на лицата со посебни потреби. Тоа подрабира бесплатна здравствена помош во основните форми за повозрасните, како и дополнителна помош во рамки на нивните домаќинства, преку преземање на некои секојдневни обврски кои самите се немоќни да ги извршат, рече Богоев.