Во финална фаза е подготовката на 50 социјални пакети, со храна и средства за хигиена, за 50 ранливи домаќинства од Карпош.

Денеска, пакетите се подготвуваа во пунктот на Црвен крст во Момин Поток.

Прехранбените продукти и средства за хигиена се набавени од страна на компанијата „СМС ШОПС ДООЕЛ“.

 

Локалната самоуправа искажува благодарност до оваа општествено одговорна компанија и ги повикува сите други, правни субјекти, да се вклучат во поддршка на заедницата.

 

Во претстојниот период, ќе бидат доделени уште 30 социјални пакети за помош на социјално загрозените домаќинства, како резултат на соработка меѓу Општина Карпош и Црвениот крст.

 

Овие хуманитарни активности имаат за цел да го олеснат живеењето на граѓаните, во период на пандемијата со Covid – 19.