На  последната  седница на Советот на Општина Карпош,  советниците ја прифатија одлуката  за времено користење на патничкото моторно возило марка SSANG  YONG, за потребите на Полициската станица „Карпош“.   Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во  присуство на командирот на П.С  „Карпош“, Владо Симјановски,  го отстапи на користење возилото за потребите на полициската станица.

Во  изминатиот период  локалната самоуправа во соработка со  полициската станица, која се наоѓа на нејзина територија, организираше поголем број на граѓанско-полициски патроли, односно средби на полициските службеници со граѓаните на кои се  мапираа  локациите на кои што има зачестени деликти. Исто така, на овие  средби се  разговараше и  за изнаоѓање на поефикасни решенија, со чија примена би  се зголемила и безбедноста на карпошани.