На продолжението од втората седница на Советот на Општина Карпош што се одржа на 13 декември 2021 година од мнозинството во советот не беа поддржани предлозите за ревизија на два ДУП-а. Има две причини поради кои не беше поддржана ваквата иницијатива:
Прво иницијатива за ревизија на ДУП-ови со која се суспендираат имотни права, а воедно и се кршат граѓански права, не може да се поднесе ад хок на самата седница на Совет.За оваа иницијатива е потребно сериозно образложение со однапред подготвен материјал кој треба да биде доставен најмалку седум дена однапред до советниците.

Второ, иницијативата е одбиена од формално правен аспект затоа што изгласаниот ДУП е со сила на Закон. Закон може да суспендира или да укине единствено Уставен суд и никој друг во државата. Советник нема ингеренции да суспендира закони затоа што со суспензијата на законите се предизвикуваат сериозни правни последници кои прават штета на граѓаните и општината. Доколку советниците на Левица однапред се консултирале со стручните служби ќе биле подготвени стручно. Општина Карпош нема намера да запира или да опструира било каква иницијатива на советниците доколку се базира на правна основа.