Општина Карпош има формирано дежурна интервентна екипа, која е постојано на терен и активно ја следи состојбата на територијата на општината, со цел навремена реакција во случаи на временски неприлики и други непогоди.

☎️И покрај постојаното присуство на екипите на терен, сите граѓани кои ќе забележат потреба од брза интервенција можат да пријават на телефонскиот број 071/322-790
📍При пријавувањето, ве молиме наведете ја точната локација и краток опис на проблемот, со цел интервентните екипи да можат да реагираат што е можно побрзо и поефикасно.
✅Заедно за побезбеден и поуреден Карпош.