Општина Карпош отвора два пунктови за собирање на донации за жртвите и настраданите од пожарите во Република Грција.

Првиот пункт ќе биде во спортската сала на училиштето „Лазо Трповски”, во Карпош 3.

Вториот пункт е во спортската сала на училиштето „Владо Тасевски”, во населбата Козле.

 

Локалната самоуправа воведува и дежурства за прибирање на донациите.

Пунктовите ќе бидат отворени од 12:00 до 18:00 часот во текот на денешниот ден и утре, додека за време на викендот од 10:00 до 14:00 часот.

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги повика сите граѓани, фирми и организации да ја покажат својата хуманост и да донираат дел од потребните продукти: вода, конзервирана храна, средства за хигиена и за дезинфекција, како и пелени за бебиња.

 

–          На денот кога одбележуваме 55 години од катастрофалниот скопски земјотрес, да се солидаризираме и да подадеме рака кон Атина која во минатото придонела во обновата на Карпош.

Улицата “Атинска” која се наоѓа во урбаната заедница „Владо Тасевски“ (Млечен) е потсетник на хуманоста што Атина ја покажала кон Карпош.

Сега е време ние да возвратиме, рече Богоев.

Во хуманитарната акција се приклучуваат и голем број на активисти и хумани сограѓани од Карпош.

Исто така, сите граѓани имаат можност да донираат и финансиски средства на посочените трансакциски сметки.

Донација на парична помош:

– Жиро сметка на Фонд на солидарност:    300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните:

075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228