Симболично со удар во гонгот, вчера попладне, во своето училиште основците од „Владо Тасевски” го одбележаа завршувањето на учебната 2016/2017 година. По тој повод „Танцовото катче” под раководство на проф. Цветанка Бораниева, го одржа завршниот концерт со изведба на делото „За сé да биде цело”.

Во уметнички амбиент, настапи музичкиот октет составен од основците од ова училиште, кои беа придружувани од своите соученици, кои го збогатија уметничкиот перформанс со изведба на танцовата рубрика.