Во соработка со Општина Карпош и со Здружението на граѓани „Во мојот свет“ за третман на деца со аутизам, АДХД и аспергеров синдром и ООУ „Владо Тасевски“, денеска во Кинотеката на Македонија се одржа предавање на тема „Хиперактивни сонувачи во училиште“. За таа цел, гостинот од Загреб, Република Хрватска, Марко Ферек пред присутните, ја раскажа својата лична приказна за растењето со симптоми на невнимание, хиперактивност и импулсивност. Тој е претседател на Здружението „Будење“ за откирвање на децата со синдром АДХД и е еден од првите иницијатори-предавачи во Хрватска токму на оваа тема.

                        – Главната цел на ова предавање е развивање и подигање на свеста за синдоромот АДХД, односно да се увидат промените кај децата во училиштата и градинките, односно да се спознае фактот дека постојат деца кои размислуваат и учат на друг начин. Поради тоа, многу често тие не ја добиваат потребната поддршка и затоа настануваат проблеми по прашањето самодоверба и агресивно однесување.  Денеска, АДХД е еден од најчестите ментални пореметувања кај децата. Тие се хиперактивни, имаат многу енергија и често прават проблеми. Тие деца се многу невнимателни, сонуваат и имаат проблеми со концентрацијата. Исто така, има деца кои се доста импулсивни, кои бурно реагираат и кои се исклучително нестрпливи. Сите овие елементи влегуваат во еден образовен систем каде настанува проблем и кај учениците како и кај наставниците кои работат со такви деца – рече Ферек, кој дополни дека една од најважните работи кај АДХД едукацијата е едукација на учителите и на родителите. Оваа група на луѓе мора да научат како децата со овој синдром размислуваат, кои се потребите на тие деца и какво однесување да очекуваат од истите.

Статистиките кажуваат дека АДХД синдромот во светот зафаќа 3 до 8 отсто, а тоа значи дека во едно одделение од 30 деца, тројца ученика имаат ваков синдром. Предавањето кое Марко Федерек им го презентираше на присутните наставници од училиштата, негувателките во градинките, како и претставници од секторите од образование на ниво на Град Скопје, дефектолози и педагози, е дека овие деца се карактеризирани како злосторници, лоши и невниматилни, но всушност нивното однесување не е дека тие не се доволно добри, туку  имаат таков карактер и неможат своеволно да го конторлираат своето однесување.

Ова предавање ќе придонесе за зголемување на мотивираноста на наставниците во нивната работа, овозможувајќи им да  воспостават подобра динамика и комуникација со учениците кои го имаат овој проблем.

Директорката на ООУ „Владо Тасевски“, Елка Даскалова ја потврди потребата на доедукација на наставниот кадар и изрази задволство што освен материјалите, ваквите предавања секогаш се добредојдени.

                        -Наставниот кадар треба прво да го разбере АДХД синдромот. Затоа сме тука да научиме кои методи и техники треба да се практикуваат за овие деца кои се поразлични од децата кои имаат реалното однесување. Многу ни помагаат околу тоа и родителите и здружениата, и затоа ООУ „ Владо Тасевски“ беше иницијатор за ваква една презентација. Во нашето училиште има вакви деца и со нив работиме од материјалите кои ги црпиме за синдромот АДХД, но никогаш не се отповеќе вакви едукативни предавања и работилници.

                        Општина Карпош секогаш ги отвора “вратите“ за доедукација на наставниот кадар, се во насока на подигнување на квалитетна и културна младина. Раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес, Анета Марковска-Илиевска ја поздрави оваа активност која е вон рамките на Програмата за работа, но е активност која не смее да се пропушти.

-Општина Карпош постојано ги поддржува активностите од ваков тип, иако ова е едно од вонпрограмските. Приоритет ни се децата и за оваа целна група Општина Карпош максимално води грижа.

 Во рамките на предавањата се одржа и едночасовна работилници која се состоеше од практични вежби и совети за наставниците.