Вчеравечер,  на  скверот во урбаната заедница Карпош 3, се одржа  маалска средба на граѓаните со  претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев и претставници од Министерството за внатрешни работи. На средбата, на која присуствуваа голем број граѓани ,  меѓу другото, беше разговарано за проблемите на жителите  од оваа урбана заедница  со кои се соочуваат во однос на безбедноста.

               Претседателот на Советот Манолев, заедно  со членовите во Советот на Општината, Билјана Костова, Мики Филев и Димитар Зимбаков, разговараа за сите  аспекти од локалното живеење во оваа урбана заедница. Беше нагласено дека Општина Карпош обезбеди специјализиран контејнер за  селектирање и складирање на отпадот и храната од  рибниот ресторан „ Сидро“.  На  граѓаните на „Манапо 4 “ им се обезбедени 27  картички за паркинг место во „ Скопје сити мол“, а  пред извесно време Општина Карпош набави специјални машини за темелно чистење на асфалтни површини.

 

Претставниците од полицијата потенцираа дека од претходната средба со жителите на Карпош 3, од пред два месеци до сега, МВР го зголеми патролното присуство со повеќе позорникари кои ги превенираат деликтите и ја зголемуваат безбедноста на граѓаните. Карпошаните од оваа урбана заедница, реагираа на брзото возење по бул. „ Партизански одреди “ и побараа зголемено присуство на полицијата особено во доцните вечерни часови од 11:00 до 04:00 часот, кога френкфенцијата на брзото возење пред се на мотори е најголемо, и им создава проблем на граѓаните.

 

Во оваа урбана заедница, беше целосно реконструирано и обновено маалското паркче на ул.  Партизански одреди 72 а  ( до зградата на „ Горење“) , со детски реквизити, а кое беше запуштено подолг период .