Денес во амфитеатарот на Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје, претседателот на Советот на Општина Карпош Сашо Лазаровски ја отвори четириесет и третата седница на Советот на Oпштината. Истата се состоеше од тринаесет  предлог точки на дневен ред за кои требаше да расправаат советниците на оваа локална самоуправа.

 Советниците на денешната половична седница успеаја само да ја усвојат предлог програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2016 година. Натаму, во предлог одлуката за утвдрдување на критериумите за доделување на еднократна парична помош за новородено и посвоено дете- жител на Општина Карпош за 2016 година советниците ја усвоија одлуката со нагласка дека на некоја од наредните седници ќе се допрецизираат критериумите со кои ќе се доделуваат овие средства со цел да има похумана и поправедна прераспределба на истите.

 По  три часовна расправа, 43-та седница на Советот на Општина Карпош беше прекината поради немање кворум за работа и нејзиното продолжение е закажано за 05 јануари 2016 година во 14:00 часот.