Денеска, Ј.П. ,,Комунална Хигиена’’, ќе врши собирање на кабаст отпад (делови од мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети. Собирањето на отпадот ќе се врши во урбаните заедници ,,Владо Тасевски’’, ,Тафталиџе 1‘’,  ,,Тафталиџе 2‘’, ‘„Влае 2“, ,,Кузман Јосифовски – Питу“, ,,Пецо Божиновски – Кочо’’ и ,,Нерези“кои се дел од територијата на Општина Карпош.

Утре, истиот таков кабаст отпад, ќе се собира во урбаните заедници од Карпош 1 до Карпош 4, како и во „Влае 1“ и ,,Злокуќани’’. Времето кое е предвидено да бидат изнесени кабастите отпади од домовите на граѓаните ќе биде од 07:00 до 11:00 часот. Кабастиот отпад ќе се собира од прометните улици во наведените урбани заедници, односно на предвиденото место, каде што ќе поминува возилото на Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.